Согласно Законот за Здравствена заштита и препопраките на Министерството за здравство за избегнување на јавни собири и одржување на физичката дистанца, Македонското лекарско друштво започна со спроведување на онлајн континуирана медицинска едукација.
Предавањата од програмата за стручно усовршување на специјалистичките и подрачните здруженија при МЛД, ќе бидат поставувани и достапни на страниците за Online КМЕ на Македонското лекарско друштво (https://kme.mld.mk)
Услови и правила за Онлајн КМЕ
- За да може да следите онлајн стручно усoвршување треба да имате кориснички профил на нашите страници за онлајн КМЕ.
- Преку корисничката сметка ќе може да се регистрираte за оние КМЕ предавања/webinar-и кои Ви се од интерес.
- Секое онлајн курс/предавање ќе биде активно 5 седмици, а снимките од Webinar-ите 2 седмици, во текот на кои ќе имате можност да ги проследите поставените предавања.
- За комплетирање на стручното усовршување се полага ТЕСТ. За успешен се смета тест со точно одговорени 75% од дадените прашања.
- Во рок од 7 дена од комплетирањето на едукацијата ќе добиете дигитален Сертификат за успешно завршено стручно усовршување, валидиран со Вашето име, презиме, дата на раѓање и единствен регистарски број за учесник за конкретно предавање (бар код).
- За валиден се смета само дигитален Сертификат за успешно завршено стручно усовршување кој е верифициран и доделен од Македонското лекарско друштво