Континуирана медицинска едукација

Македонското лекарско друштво е главен двигател на континуираната медицинска едукација (КМЕ) и континуираниот професионален развој (КПР) на докторите по медицина и сродните професии, кои се активни членови во Македонско лекарско друштво.

Стручното усовршување го организираат и спроведуваат Македонското лекарско друштво, стручни здруженија членки на Македонското лекарско друштво и други стручни здруженија. Како организатори на разни форми на стручни усовршувања можат да бидат и Министерството за здравство, Медицинските факултети, МАНУ, клиника, институт, здравствена установа и организации од областа на здравството.

Лекарската комора врши акредитирање на стручните активности, при што пред оддржување на стручната активност организаторот треба да достави Барањето за одобрување и категоризирање на стручна активност, комплетирано со потребните документи, се доставуваат во стручната служба на Македонско лекарско друштво, кои понатака по службен пат ги проследува до Лекарската комора.

Комисијата за стручни прашања при Лекарската комора по разгледување на барањето за одобрување и категоризирање на стручна активност, донесува одлука за признавање и категоризација на одредената стручна активност и ги определува бодовите утврдени според Правилникот за КМЕ.

Потребните документи за пријавување на настанот можете да ги превземете од страната на ЛКСМ.

линк до потребни документи