ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОКТОРИ

By | мај 22, 2020

Согласно Законот за Здравствена заштита и препопраките на Министерството за здравство за избегнување на јавни собири и одржување на физичката дистанца, Македонското лекарско друштво започна со спроведување на онлајн континуирана медицинска едукација.

Предавањата од програмата за стручно усовршување на специјалистичките и подрачните здруженија при МЛД, ќе бидат поставувани и достапни на страниците за Online КМЕ на Македонското лекарско друштво (https://kme.mld.mk)

Услови и правила за Онлајн КМЕ

  1. За да може да следите онлајн стручно усoвршување треба да имате кориснички профил на нашите страници за онлајн КМЕ.
  2. Преку корисничката сметка ќе може да се регистрираte за оние КМЕ предавања/webinar-и кои Ви се од интерес.
  3. Секое онлајн курс/предавање ќе биде активно 5 седмици, а снимките од Webinar-ите 2 седмици, во текот на кои ќе имате можност да ги проследите поставените предавања.
  4. За комплетирање на стручното усовршување се полага ТЕСТ. За успешен се смета тест со точно одговорени 75% од дадените прашања.
  5. Во рок од 7 дена од комплетирањето на едукацијата ќе добиете дигитален Сертификат за успешно завршено стручно усовршување, валидиран со Вашето име, презиме, дата на раѓање и единствен регистарски број за учесник за конкретно предавање (бар код).
  6. За валиден се смета само дигитален Сертификат за успешно завршено стручно усовршување кој е верифициран и доделен од Македонското лекарско друштво