PRICOV-19 study: Грижата и безбедноста на пациентот во примарната здравствена заштита за време на пандемија

By | април 23, 2021

Почитувани колеги,

Пандемијата со COVID-19 придонесе примарна здравствена заштита да се соочи со голем број организациски и структурни предизвици, како што се телеконсултации, интензивна соработка со здравствените служби на секундарно и терциерно ниво но и други служби во вашата географската област и ограничена достапност на ресурси во однос на персоналот , инфраструктура и заштитна опрема. Овие нови начини на работа, исто така, претставуваат предизвик за испорака на висококвалитетна нега во сите нејзини димензии: безбедност, ефективност, грижа за пациентот, навременост, ефикасност и правичност.

ПРИКОВ-19 е студија која се спроведува во повеќе од 35 земји за да се процени влијанието на пандемијата КОВИД-19 врз организацијата на грижата во примарната здравствена заштита, преземените напори за да се обезбеди пристап до грижа за сите пациенти и влијанието врз различните димензии на квалитетот на грижата. Студијата е соработка помеѓу група истражувачи, вклучувајќи ги д-р Кирил Солески и д-р Катерина Грнчароска од АДИЦД од МЛД и водена од Универзитетот во Гент (Белгија).

Вашето учество во оваа студија многу ни значи! Со резултатите, можеме да ги информираме властите во Македонија и  ширум Европа за тоа како подобро да ги поддржат општите лекари (матични лекари) во нивната грижа за ранливите пациенти за време на пандемија.

Би сакале однапред да ви се заблагодариме што одвоивте 20 минути од вашето време да го пополните овој прашалник!

На следниот линк може да пристапите до прашалникот:

https://redcap1.ugent.be/surveys/?s=7WMXPC4WWR

Искрено ваш,

Проф. д-р Горан Димитров
Претседател
Македонско лекарско друштво

Тимот за истражување за Македонија

д-р Кирил Солески
д-р Катерина Грнчароска 

Здружение на лекари за интерсекторска соработка (АДИЦД) , Македонско лекарско друштво (МЛД) 

Проф. Д-р. Сара Вилемс
Главен истражувач
Катедра за јавно здравје и примарна здравствена заштита, Универзитет во Гент, Белгија