Во организација на Македонско здружение за алергологија и клиничка имунологија”“МЗАКИ”, од 20 до 22.09.2019 година, во хотелот DoubleTree – ХИЛТОН, во Скопје се одржа ТРЕТ СИМПОЗИУМ „НОВИНИ ВО АЛЕРГОЛОГИЈАТА И ИМУНОЛОГИЈАТА 2019” со меѓународно учество.
Третиот Симпозиум имаше за цел да го одржи континуитетот во информирањето на целната публика: интернисти, пулмолози, алерголози, имунолози, педијатри, оториноларинголози, дерматовенеролози, специјалисти по медицина на трудот, лекари по семејна медицина и сите други специјалности кои се бават со дијагностика и лекување на алерголошки и имунолошки нарушувања кај децата и адултната популација, за најновите достигнувања во алергологијата и клиничката имунологија.
На Симпозиумот присуствуваа околу 180 учесници, а покрај наши учество земаа и странски предавачи од Грција, Србија и Хрватска. На овој стручно- научен настан беа разменети мислењата, искуствата и идеи меѓу македонските и интернационалните колеги. Теми на овој Симпозиум беа од областа на: педијатријата, алергиите на респираторниот тракт, дерматологијата, пулмологијата, професионалните болести и др.