ПРАКТИЧНИ ПРЕПОРАКИ ЗА БЕЗБЕДНА И ЕФИКАСНА ГРИЖА НА ПАЦИЕНТИ ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ СО КОВИД-19

By | март 31, 2020

Катедрата по реанимација со анестезија објавува практични препораки за безбедна и ефикасна грижа на пациенти дијагностицирани со КОВИД-19, направени според препораките на Европското здружение за интензивно лекување и Европското здружение на анестезиолози.

Во продолжение краток опис со линк за симнување на препораките.

Самиот текст како и насоките наведени во овој документ претставуваат сублимација на насоките на СЗО, релевантни насоки во Србија, како и достапни искуства на домашните и странските клиники и/или медицински стручни лица во тек на оваа пандемија. Како такви, нивото на докази во нив може да биде ниско или тие може да бидат подложни на промени во секој момент како што новите сознанија стануваат достапни. Насоките имаат ориентациски карактер за клиничарите и служат исклучиво како помошно средство во реалниот третман на заболените , а никако како обврска по која мора да се постапува и во ниту еден случај не претставува замена за клиничка проценка и/или специјалистичка консултација. За детални информации, читателот се упатува на оригиналните извори како и на упатствата на релевантните институции во тек на состојбата на пандемија. ПРЕЗЕМИ

Кампањата за преживување на сепсата од COVID-19 објавува неколку препораки чија цел е поддршка и помош на здравствените работници кои се грижат за критично болни пациенти со COVID-19 во Единиците за интензивно лекување. ПРЕЗЕМИ

Прирачник издаден од Првата придружна болница на Медицинската школа при Универзитетот Жеијанг во Кина. Составен според клиничко искуство од колегите од сферата на здравствената заштита од Кина, додека ги спасуваат животите на пациентите, со цел споделување на непроценливото искуство со колегите од сферата на здравствената заштита ширум светот. ПРЕЗЕМИ

Издадено од ЕСА комитет за безбедност на пациентите кој, врз основа на истражувањата за безбедноста на пациентите кои укажуваат дека во стресни ситуации, исцрпеност и под голем притисок шансите за грешка се зголемени, ја потенцирате важноста од принципите за човечките фактори со цел осигурување на безбедноста на вашите колеги и пациентииздаде следните принципи. ПРЕЗЕМИ

Овoј труд ги сумира важните размислувања во врска со скринингот на пациентите, контролa на околината, опремата за лична заштита, мерките за реанимација (вклучително и интубација), како и оперативните планирања во Единиците за Интензивно лекување, како подготовка за можен внес во земјата на позитивни случаи или пак локална појава на 2019-nCoV. Иако разбирањето за вирусот 2019- nCoV сé уште континуирано се развива, досега од научените лекции од претходните предизвици со инфективните заболувања со Тежок Акутен Респираторен Синдром, искрено се надеваме дека ќе ја подобриме нашата подготвеност за евентуално менаџирање на вакви пациенти во Канада без разлика на бројот на случаите. ПРЕЗЕМИ