Јавен повик за избор на лекар за бесплатен студиски престој во Канада

By | септември 12, 2018

 

 

ADICD- Здружение лекари за интерсекторска соработка, член на МЛД во партнерство со Асоцијацијата на здравствени работници од Канада обезбедуваат бесплатна студиска посета на лекар од Македонија во областа на општа/семејна медицина во Канада во времетраење од 4(четири) недели.

 

Активности

  • Работа во групна пракса по општа/семејна медицина
  • Можност за вклучување во работа со пациенти
  • Работа со различни клинички вештини во мултидисциплинарен тим
  • Можност за запознавање на структурата на здравствениот систем во Канада
  • Социјален живот.

 

Очекувања и задачи

  • Да се изработи презентација на англиски јазик за здравствениот систем во Македонија со акцент на ПЗЗ и начинот на функционирање( политики, финасирање, e –health)
  • Активно учество за време на престојот согласно програмата и упатствата на лекарот ментор од Канада
  • Реализира средба/контaкт со здруженија/неформални групи кои работат со попреченост/ Извештај
  • Да се изработи презентација за искуството од студискиот престој во Канада по завршувањето на истиот со акцент на новитети кои може да се имплементираат во нашиот систем на ЗЗ.
  • Трошоците( авионски билет, сместување) се целосно покриени. Кандидатот /кандидатката единствено треба да обезбеди на свој трошок само виза за патување до Канада. Престојот е планирано да се реализира во периодот април/мај 2019 година.

Сите заинтересирани кандидат(к)и треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија( на македонски и англиски јазик)
  • Мотивациско писмо( на македонски и англиски јазик)

Документите со назнака/предмет на пораката Јавен повик за избор на лекар – Канада кандидат(к)ите можат да ги достават електронски на: adicd.mk@gmail.com. Повикот е отворен за сите заинтересирани кандидат(к)и до 21 септември 2018 година. 

При изборот на лекар ќе се земат превид следните услови:

  • Завршено високо образование, медицински факултет
  • Познавање на англиски јазик

Предност ќе имаат кандидат(к)ите :

  • Млад лекар/млад специјалист по семејна медицина(до 5 години по завршувањето на додипломски студии или пост специјалистички испит)
  • Лекари кои активно работат или планираат да работат во ПЗЗ/семејна медицина во Македонија
  • Лекар кој има завршена специјализација по семејна медицина

ADICD  гарантира дека при изборот сите кандидат(к)и ќе имаат еднакви услови без оглед на етничката припадност, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа. Само кратка листа на селектирени кандидати кои ги исполнуваат наведените услови ќе бидат контактирани за интервју со комисијата за избор.