ADICD- Здружение лекари за интерсекторска соработка, член на МЛД во партнерство со Асоцијацијата на здравствени работници од Канада обезбедуваат бесплатна студиска посета на лекар од Македонија во областа на општа/семејна медицина во Канада во времетраење од 4(четири) недели.
Активности
- Работа во групна пракса по општа/семејна медицина
- Можност за вклучување во работа со пациенти
- Работа со различни клинички вештини во мултидисциплинарен тим
- Можност за запознавање на структурата на здравствениот систем во Канада
- Социјален живот.
Очекувања и задачи
- Да се изработи презентација на англиски јазик за здравствениот систем во Македонија со акцент на ПЗЗ и начинот на функционирање( политики, финасирање, e –health)
- Активно учество за време на престојот согласно програмата и упатствата на лекарот ментор од Канада
- Реализира средба/контaкт со здруженија/неформални групи кои работат со попреченост/ Извештај
- Да се изработи презентација за искуството од студискиот престој во Канада по завршувањето на истиот со акцент на новитети кои може да се имплементираат во нашиот систем на ЗЗ.
- Трошоците( авионски билет, сместување) се целосно покриени. Кандидатот /кандидатката единствено треба да обезбеди на свој трошок само виза за патување до Канада. Престојот е планирано да се реализира во периодот април/мај 2019 година.
Сите заинтересирани кандидат(к)и треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија( на македонски и англиски јазик)
- Мотивациско писмо( на македонски и англиски јазик)
Документите со назнака/предмет на пораката Јавен повик за избор на лекар – Канада кандидат(к)ите можат да ги достават електронски на: adicd.mk@gmail.com. Повикот е отворен за сите заинтересирани кандидат(к)и до 21 септември 2018 година.
При изборот на лекар ќе се земат превид следните услови:
- Завршено високо образование, медицински факултет
- Познавање на англиски јазик
Предност ќе имаат кандидат(к)ите :
- Млад лекар/млад специјалист по семејна медицина(до 5 години по завршувањето на додипломски студии или пост специјалистички испит)
- Лекари кои активно работат или планираат да работат во ПЗЗ/семејна медицина во Македонија
- Лекар кој има завршена специјализација по семејна медицина
ADICD гарантира дека при изборот сите кандидат(к)и ќе имаат еднакви услови без оглед на етничката припадност, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа. Само кратка листа на селектирени кандидати кои ги исполнуваат наведените услови ќе бидат контактирани за интервју со комисијата за избор.