Почитувани колеги,
Со особено задоволство Ве информираме дека на 3 октомври 2026 година (сабота), во хотел „Холидеј Ин“ – Скопје, ќе се одржи Колпоскопски курс „Современа колпоскопија – од основи до дијагноза и третман“.
Курсот е посветен на современиот пристап во колпоскопската дијагностика и третман и има за цел да понуди систематизиран и практично ориентиран преглед на најзначајните аспекти од колпоскопијата – од основните принципи и терминологија, до дијагнозата, процената на ризикот и современиот менаџмент на преканцерозните и малигните промени на грлото на матката.
Во рамките на програмата ќе бидат обработени повеќе актуелни теми, меѓу кои: вовед и историски развој на колпоскопијата, хистолошки основи, ПАП-тестирање и HPV тестирање, техника на колпоскопски преглед, зона на трансформација, нормални и абнормални колпоскопски наоди, Swede колпоскопски скоринг, менаџмент на пациентки со абнормален ПАП-тест и High Risk HPV позитивност, колпоскопија во бременост, биопсиски докажан CIN, како и современи аблативни и ексцизни третмански опции.
Посебен сегмент од програмата ќе биде посветен на анализата на проблематични и интересни клинички случаи („Problematic & Interesting Cases“), овозможувајќи практична примена и дискусија на стекнатите знаења.
Курсот претставува одлична можност за стручно усовршување, размена на искуства и продлабочување на знаењата во областа на современата колпоскопија.
Ги покануваме сите заинтересирани колеги да земат учество и да бидат дел од овој стручен и едукативен настан.
Ве очекуваме!
Курсот е акредитиран од ЛКРСМ , сите учесници ќе добијата Сертификат.
Котизација изнесува
6.200 денари за Специјалист
3.100 денари за Специјализант
