Пандемијата со COVID-19 постави некои сосема нови, а истакна и некои веќе постоечки потреби кога се во прашање здравствените работници. Исто така, се истакна потребата за нивно зајакнување со цел тие да можат да одговорат на итните ситуации во врска со COVID-19, а истовремено да ги исполнуваат и сите други обврски и да се соочуваат со проблеми кои произлегуваат од грижата за здравјето, работната и животната средина.
Мрежата за здравјето на работниците на Југоисточна Европа (SEE Network on Workers Health – SEENWH) одржа национална онлајн Работилница (09-10 декември 2021): „Здравје и безбедност при работа на здравствените работници: COVID-19 и нови итни ризици“ како дел од Проектот: „Активности за зајакнување на здравствените работници во Југоисточна Европа во однос на COVID-19 и други професионални инфекции: примена на препораките на СЗО/МОТ и укажување на приоритетната потреба за програма за заштита на работа на здравствените работници“, поддржана од СЗО, Европски центар за заштита на здравјето и животната средина, Бон.
Координатор на Проектот е Институтот за медицина на трудот на РС Македонија, Колаборативен центар на СЗО, Скопје, РС Македонија.Работилницата беше акредитирана од МЛД и ЛКМ и ги вклучи следниве модули:
1. Здравје и безбедност при работа на здравствените работници: COVID-19 и нови итни ризици. Научени лекции и идни чекори (Проф. д-р Јованка Караџинска-Бислимовска)
2. Долготрајна употреба на личната заштитна опрема, Токсични ефекти на средствата за дезинфекција (Проф. д-р Драган Мијакоски)
3. Работно оптоварување, работно време и организација на работата (Прим. д-р Маја Панајотовиќ-Радевска)
4. Ментално здравје и психосоцијална поддршка (Д-р Наташа Станчева-Паргов)
5. Службите за медицина на трудот за време и после пандемијата со COVID-19 (Проф. д-р Сашо Столески)
6. Проценка на ризик на работното место и превенција на експозицијата на SARS-CoV-2 и професионалните инфективни болести кај здравствените работници (Проф. д-р Јордан Минов)
7. Насилство на работното место, мобинг, дискриминација и стигматизација (Ас. д-р Анета Атанасовска)
8. Санитарни услови, хигиена и услови за одмор во здравствените установи (Д-р Драгана Бислимовска)
9. Должности, права и одговорности за здравје и безбедност на работа (Проф. д-р Сашо Столески)