7-МИ АПРИЛ - СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

Годинешното мото на одбележување на Светскиот ден на здравјето„Нашата планета, нашето здравје“ нè потсетува на поврзаноста на нашето здравје со грижата за животната средина. Обезбедувањето здрава животна средина значи поздрави луѓе и поздрави поколенија. Потребен е мултисекторски и интегративен пристап за спречување илиза  ублажување на негативните ефекти на животната средина врз здравјето на луѓето.

Во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, на 7 април, по пауза од две години поради пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, во живо се одржа свечена академија по повод Светскиот ден на здравјето. На овој настан присуствуваа бројни лекари, медицински работници, фармацевтски куќи, претставници на светски медицински асоцијации со канцеларии во земјава, претставници на Светската здравствена организација, на УНИЦЕФ, УНФПА… На настанот присуствуваа и првата дама, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, министерот за здравство д-р Беким Сали, ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски и деканката на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Соња Тупозовска.

проф. д-р Горан Димитров, Претседател на Македонското лекарско друштво
д-р Беким Сали, Mинистер за здравство

Присутните, во преполна сала, ги поздрави претседателот на МЛД, проф. д-р Горан Димитров, кој на своите колеги им посака пред сè добро здравје и успешна работа во порелаксирани услови. Тој им се заблагодари на сите лекари кои изминатите две години, безрезервно и одговорно, работеа во првите „борбени“ редови на справување со смртоносниот вирус.

Министерот Сали потенцираше дека годинешното мото на Светскиот ден на здравјето: „Нашата планета, нашето здравје“ нè потсетува на поврзаноста на нашето здравје со грижата за животната средина.

проф. д-р Никола Јанкуловски, ректорот на УКИМ, проф. д-р Соња Тупозовска, декан на Медицинскиот факултет во Скопје

Рефератот по повод Светски ден на здравјето, на тема „Нашата планета-нашето здравје: да ги исчистиме нашите воздух, вода и храна“ го подготви и го презентираше проф. д-р Михаил Кочубовски, од Институтот за јавно здравје.

проф. д-р Михаил Кочубовски, Институт за јавно здравје

На свечената академија и оваа година, во организација на Македонското лекарско друштво, беа доделени, повелби, плакета, признанија, благодарници, дипломи.

ПОВЕЛБИ „Д-Р ТРИФУН ПАНОВСКИ“

Годинешните добитници највисокото признание „Д-Р ТРИФУН ПАНОВСКИ“, кои оствариле особен придонес во календарската 2021 година се проф. д-р Елизабета Зисоска (долгогодишен претседател на интердисциплинарно здружение на лекари за добра клиничка пракса), проф. д-р Гордана Петрушевска (долгогодишен раководител на Институт за патологија), прим. д-р Злате Шуплиноски (долгогодишен раководител на невролошка анестезија на КАРИЛ), проф. д-р Невзат Елези (декан на Медицински факултет Тетово и успешен едукатор) и постхумно-проф. д-р Анѓелко Ѓорчев (врвен интернист, пулмолог и редовен професор на Медицински факултет).

НАЈДОБАР СТУДЕНТ

Признанието за најдобар студент, кој дипломирал на Медицински факултет во Скопје во календарската 2021 година го доби д-р Милена Веле Гривчевска со просек 9,94.

проф. д-р Елизабета Зисоска
проф. д-р Гордана Петрушевска
прим. д-р Злате Шуплиноски
проф. д-р Невзат Елези
д-р Ирена Ѓорчева, ќерка на проф. д-р Анѓелко Ѓорчев
д-р Милена Веле Гривчевска, најдобар студент за календарска 2021г.

СПЕЦИЈАЛНИ ПЛАКЕТА И ПРИЗНАНИЈА

  • Специјална ПЛАКЕТА-ЗЛАТЕН СТЕТОСКОП е доделена на прим. д-р Љубен Ристевски, за особен, долгогодишен придонес во работата на Македонското лекарско друштво.
  • ПОСЕБНО ПРИЗНАНИЕ му е доделено на д-р Благоја Механџиски, основач на „Зегин“, за поддршка на развојот и унапредување на здравството.
  • Посебно ПРИЗНАНИЕ за значаен придонес во остварувањето и унапредувањето на целите и задачите на Македонското лекарско друштво добија:
  • проф. д-р Атанас Козарев, декан на Факултетот за правни науки, меѓународни односи и дипломатија и претседател на Асоцијацијата за корпоративна безбедност Скопје

  • Канцеларијата на УНФПА за Северна Македонија, за стратешка поддршка на Македонското лекарско друштво за сексуално и репродуктивно здравје на жените и девојките на национално и регионално ниво

    г-ѓа Јасмина Арсова Чашуле, оперативен координатор на МАГО.

    г-н Џон Кенеди Мосоти, директор на УНФПА за Северна Македонија

    Новонордиск фарма за долгогодишен придонес и поддршка во излегувањето на Лекарски весник, кој го издава МЛД.

    Авицена дијагностика за долгогодишна поддршка на Македонското лекарско друштво.

прим. д-р Љубен Ристевски
д-р Благоја Механџиски, основач на „Зегин“
проф. д-р Атанас Козарев, декан на Факултетот за правни науки
д-р Афродита Шаља Плавјанска, шефица на Канцеларијата на УНФПА, проф. д-р Горан Димитров, претседател на МЛД, г-ѓа Јованка Брајовиќ
г-ѓа Јасминка Арсова Чашуле
г-н Џон Кенеди Мосоти – директор на УНФПА за Северна Македонија
д-р Димитар Стојменовски, генерален директор на Ново Нордиск фарма дооел Скопје
г-ѓа Сандра Пановска, претставник на Авицена лабораторија
проф. д-р Горан Димитров со претставници од организациите на студентите по медицина, Бојан Јаневски ММСА-ИМНК, Веса Седалиу ММСА, Ивана Балоска ФСС-МЕДФ, Марија Јовановска ЕМСА и Љубица Баткоска ЗСМ

Македонското лекарско друштво секоја година, по повод Светскиот ден на здравјето, 7-ми април, доделува награди и признанија за постигнати резултати во струката, здравството и работата во МЛД. На предлозите на подрачните и специјалистичките здруженија кои делуваат во рамките на Македонското лекарско друштво, Комисијата за доделување на награди и признанија при МЛД, согласно член 58 од Статутот на Македонското лекарско друштво, одлучи да се доделат следните признанија:

Признанието за најдобар студент кој дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во календарската 2021 година е

д-р Милена Веле Гривчевска

во студиската програма Општа медицина со просек 9,94.