Прв стручен симпозиум на Македонското спинално здружение
Почитувани,
Ве известуваме дека „Македонското спинално здружение“ при МЛД во соработка со Одделението за медицина при Македонската академија на науките и уметностите организира симпозиум на тема:
„ Заболувања во торакалниот сегмент на ‘рбетникот “
Симпозиумот ќе се одржи во зградата на Македонската академија на науките и уметностите на 20.05.2022 г. со почеток во 12:00 часот.
Претседател на Македонското спинално здружение Проф. Д-р Владо Столевски