Новоформираното Интердисциплинарно здружение на лекарите за добра клиничка пракса (ИЗЛДКП) го организира својот прв стручен состанок на тема „Неодобрена употреба на лекови (off-label) во педијатријата“. Состанокот ќе се одржи на 9 октомври, 2018 година, со почеток во 11:00 часот, во Деканатот на медицинскиот факултет во Скопје.