7 април е Светскиот ден на здравјето!
Годинава го одбележуваме под мотото „Мое здравје, мое право!“
По тој повод, денеска 05.04.2024 (петок) во хотел Холидеј Ин – Скопје, Македонското лекарско друштво (МЛД) и Светската здравствена организација (СЗО), во присуство на заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева, првата дама г-ѓа Елизабета Ѓеоргиевска, претставници од UNICEF, UNFPA, академици на науки, декани, продекани, ректорот, како и многу претставници од здравствената фелата, го одбележавме денот со пригодна свеченост.
Пред 75 години, #СЗО го постави правото на здравје на луѓето во центарот на својата мисија за обезбедување на здравство за сите, со ова право се согласивме сите .
Мисијата и денес е истата.
За да се оствари правото на здравје, услугите треба да бидат достапни, пристапни, прифатливи и квалитетни. Луѓето треба да имаат пристап и до образование информации, но и до безбедна вода за пиење и храна, адекватна исхрана и живеалиште, добри услови за работа и чиста животна средина.
На свечениот настан, традиционално Македонското Лекарско Друштво ги додели наградите : Повелба д-р. Трифун Пановски, Плакети, Дипломи и Благодарници на докторите кои во изминатиот период имаа активно учество во Контиунираната Медицинска Едукација организирана од МЛД, каде што своето знаење и искуство го споделија со своите колеги.
Се додели и Признание за најдобар студент кој дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, во календарската 2023 година со просек 9,98 – др. Леонид Рене Томас Караџинов.
Исто така беше доделено Признание за долгогодишната соработка со канцеларијата на СЗО во Северна Македонија.