Петти конгрес на Македонската асоцијација на гинеколози и акушери – 11-14 мај 2023, Охрид

By | February 16, 2023

Почитувани колеги,

Со огромно задоволство сакам да Ве известам дека официјално е отпочнато пријавувањето на учесници и апстракти за нашиот Петти конгрес на гинеколози и акушери со меѓународно учество кој ќе се одржи од 11-14 мај 2023 година во Охрид, во прекрасниот Хотел Инекс Олгица.

Сите детали околу регистрацијата, агендата, сместување и начините на пријавување на апстракти може да ги најдете на веб страницата на конгресот https://congress2023.agom.org.mk/ каде ве замолуваме да ги пополните формуларите за регистрација, по што ќе добиете потврда дека сте регистрирани.


Во однос на пријавувањето на апстракти, крајниот рок за пријавување е 25 март и треба да се соодветно пополнети во формуларот за пријавување на апстракти согласно дадени пропозиции. Откако ќе го поднесете апстрактот ќе добиете e-mail поракам и во рок од 24ч. ќе може да го погледнете пријавениот апстракт и доколку имате потреба да направите корекција.