
Компанијата зад „Мој Термин“ – Сорсикс – прва во Европа и меѓу првите во светот со сертификатот ISO/IEC 42001, со национален здравствен систем во продукција
Скопје – Сорсикс, македонската компанија за здравствени технологии позната по националниот систем „Мој Термин“ и здравствената платформа Pinga®, се стекна со ISO/IEC 42001:2023 сертификација за одговорно управув ање на системи со вештачка интелигенција. Сорсикс стана прва компанија во Македонија и Европа со овој сертификат и се вбројува меѓу првите во светот со формално сертифициран систем за управување со вештачка интелигенција (ВИ).
Сертификатот е издаден од SGS по независна сертификациска оценка.
ISO/IEC 42001:2023 е првиот меѓународен стандард за системи за управување со вештачка интелигенција и поставува барања за воспоставување, примена, одржување и континуирано подобрување на управувањето со ВИ, вклучувајќи отчетност, транспарентност и управување со ризици.
Оваа сертификација има особено значење затоа што Сорсикс стои зад дел од најважната дигитална здравствена инфраструктура во земјата, вклучувајќи го „Мој Термин“, националниот систем за електронско закажување, и „Мое Здравје“, решението за пристап до лични здравствени податоци. Преку своите решенија, компанијата денес поддржува повеќе од 10 милиони пациенти, 55.000+ дневни корисници и 330+ клинички центри во повеќе земји.
Цитат на извршниот директор:
“Технологијата е лесниот дел. За дигитална трансформација е потребно партнерство, а партнерствата се изградени на доверба. Со сертификатот ISO 42001 покажуваме дека секој здравствен систем, секој
лекар и секој пациент со кој работиме може да има доверба во начинот на кој ја користиме вештачката интелигенција. Одговорно, транспарентно и според највисоките меѓународни стандарди.“
– Далибор Фртуниќ, извршен директор, Сорсикс
Значење за Македонија и поширокиот европски контекст
Сертификацијата доаѓа во период кога управувањето со вештачката интелигенција станува сè поважно за довербата, безбедноста и усогласеноста, особено во чувствителни сектори како здравството. Во европски контекст, ова е особено релевантно и во однос на EU AI Act, кој влезе во сила на 1 август 2024 година, при што најголемиот дел од обврските почнуваат да се применуваат од 2 август 2026 година.
Овој сертификта го збогатува и постојното портфолио на Сорсикс, кое ги вклучува ISO/IEC 27001 за информациска безбедност, ISO 9001 за управување со квалитет, ISO 22301 за континуитет на работењето, ISO/IEC 20000-1 за управување со ИТ услуги и ISO 14001 за животна средина.
За Сорсикс
орсикс е глобална компанија за здравствена технологија која преку платформата Pinga® развива дигитални здравствени системи за клиники, болници, клинички центри и национални програми. Решенијата на компанијата се користат во повеќе земји, вклучувајќи ја националната платформа „Мој доктор“ во Србија, организации како I-MED
Radiology Network, една од најголемите мрежи за дијагностичко снимање во Австралија, клинички центар од Аделаида, Јужна Австралија, BreastScreen Aotearoa, националната програма за мамографски скрининг на Нов Зеланд, и други.