СООПШТЕНИЕ!

By | March 13, 2020

Согласно препораките на Министерството за здравство, односно Комисијата за заразани болести, Македонското лекарско друштво ги откажува сите КМЕ активности како и активностите на специјалистичките и подрачните здруженија на лекари.

Македонското лекарско друштво ќе ја следи новонастанатата епидемиолошка состојба и тековно ќе ги извести своите здруженија кога ќе можат да продолжат со реализација на најавените настани.

За тековни потреби  и информации Стручната служба на МЛД е достапна на своите телефони.