Почитувани колеги,
Со големо задоволство, во името на Здружението на неонатолози на Р. Македонија, научниот и организацискиот одбор, во соработка со Педијатриската асоцијација за гастроентерохепатологија, нутриција, клиничка имунологија и алергологија ПАГНИА и ЗНРМ Ви го најавуваме одржувањето на Конгресот со меѓународно учество со наслов „Мулти дисциплинарен пристап за здраво детство – наша заедничка грижа од првиот ден“ кој ќе се одржи од 08-10.05.2026 година во хотел Дрим – Струга.
На конгресот ќе земат учество врвни експерти од нашата земја, регионот и од Европа кои ќе ги презентираат најновите сознанија како и своите професионални искуства преку богата научна програма исполнета со пленарни предавања и стручни работилници.
Новите достигнувања во грижата и лекувањето на новородените се секогаш огромен предизвик за неонатолозите, педијатрите, семејните лекари и сите други сродни специјалности кои на било каков начин се вклучени во грижата за здраво детство од првиот ден.
Конгресот ќе биде можност за размена на искуства и идеи, стекнување на нови знаења, информирање за новините во терапијата и унапредување на сопствените можности во давање најдобра здравствена грижа за новородените.
Затоа очекуваме и Вие со Вашето присуство и конструктивни дискусии да придонесете за успешна реализација на планираните активности, како и воспоставување на нови професионални контакти и пријателства.
За повеќе информации можете да најдете на смедниот линк www.congress2026.mk
Како и на следното соопштение