НАЈАВЕНИ БРОЈНИ КОНГРЕСНИ АКТИВНОСТИ ЗА 2018 ГОДИНА

By | November 16, 2018

Континуираната медицинска едукација и во 2018 година ќе биде збогатена со неколку конгреси со меѓународно учество.

MADOT2018Сезоната ќе ја отвори Македонското друштво на ортопеди и трауматолози – МАДОТ со 4-тиот Конгрес со меѓународно учество, кој ќе се одржи од 26. до 29.04.2018 година, во хотелски комплекс Метропол, во Охрид. Главни теми на овој конгрес ќе бидат: дегенеративни заболувања и повреди на горен екстремитет, дегенеративни заболувања и повреди на долен екстремитет, дегенеративни промени и повреди на рбетникот, детска ортопедија, спортски повреди и тумори на коскено-мускулен систем.

Microbiology 2018Потоа, од 30.05 до 2.06.2018 година, во организација на Здружението на микробиолозите на РМ-ЗММ, во хотел Метропол“, во Охрид ќе се одржи 6-тиот Конгрес со меѓународно учество, на кој теми ќе бидат: медицинска бактериологија, вирусологија, паразитологија, микологија, антимикробни средства и антимикробна резистенција, болнички инфекции и нивна контрола, ветеринарна микробиологија и зоонози, биотехнологија и индустриска микробиологија, лабораториски методи и нови технологии во микробиологијата, имунологија на инфекции и вакцини, микробиологија и безбедност на храна, еколошка микробиологија, наномикробиологија.

Македонско здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи и интернационалното здружение за прочистување крв (International Society for blood purification ISBP) е организатор на 36-тиот Светски конгрес со меѓународно учество, кој ќе се одржи од 6. до 9.09.2018 година, во МАНУ, во Скопје. Теми на овој конгрес ќе бидат: екстракорпорално прочистување на крвта–предности; екстракорпорално прочистување на крвтараници; перитонеална дијализа и преживување при долготрајна дијализа.

Alergy 2018Следи 4-тиот Конгрес на Македонско здружение за алергологија и клиничка имунологија-МЗАКИ со меѓународно учество, кој ќе се одржи, исто така, во нашиот конгресен град – Охрид, во хотел Метропол од 28. до 30.09.2018 година. Темите на овој научно-стручен настан се: астма, ринитис, имунотерапија, педијатриски алергиски болести, уртикарија, атописки дерматитис, имунодерматози, нутритивни алергии, алергии на лекови, анафилакса, професионални алергиски болести, очни алергиски болести, антибиотици и пробиотици, имунолошки болести и др.

Македонското здружение за медицинска биохемија и лабораториска медицина е организатор на 26-тиот Конгрес на Балканската клиничка лабораториска федерација (BCLF) и на 6-тиот Национален конгрес од трети до петти октомври во хотел Александар Палас“ во Скопје. Македонија по четврти пат е организатор на конгрес на БЦЛФ.

Во октомври годинава, пак, од 25. до 28., во хотел Дрим во Струга ќе се одржи Конгрес со меѓународно учество на Здружението на лекари Албанци во Македонија. Темите на овој Конгрес ќе бидат утврдени најдоцна до 10 март.

И Македонското здружение по урологија го најави одржувањето на Прв балкански конгрес на уролози, кој ќе се одржи од 8. до 11.11.2018 година, во МАНУ.

Leave a Reply