БАЛКАНСКА ШКОЛА ЗА ПЕДИЈАТРИ

By | август 16, 2018

Од 12-15 септември, 2018, во хотел “Александар Палас“- Скопје, ќе се одржи Првата Балканска школа и втора школа за педијатри во Македонија со меѓународно учество, а во организација на Здружението на педијатрите на Македонија.

За повеќе информации за овој настан следете го линкот до официјалната веб страна на Здружението на педијатрите на Македонија.

РЕГИСТРАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО И УПЛАТА НА КОТИЗАЦИЈА

Согласно законската регулатива за фискализација и регистрација на готовински плаќања, повеќе не е можно плаќање во готово („кеш на рака“) при регистрацијата на настаните. Уплата можете да ја направите преку нашиот ПОС терминал за безготовинско плаќање со било која платежна картичка преку следните линкови:

СПЕЦИЈАЛИСТИ (6150,00 МКД до 31.08.2018 / 9225,00 МКД од 1.09.2018)

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ (3690,00 МКД до 31.08.2018 / 6150,00 МКД од 1.09.2018)

МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ (2460,00 МКД до 31.08.2018 / 3690,00 МКД од 1.09.2018)

 

Уплатата може да ја направите и на следната жиро сметка:

Назив на примач: МАКЕДОНСКО ЛЕКАРСКО ДРУШТВО

Банка на примачот: ХАЛКБАНК А.Д. СКОПЈЕ

Трансакциска сметка на примачот: 270040678600148

Цел на дознака: котизација за 042 (специјалист/специјализант/медицинска сестра) Балканска школа за педијатри

Доколку уплатата сте ја направиле во банка ве молиме да го пополните следниот ФОРМУЛАР ЗА РЕГИСТРАЦИЈА за настанот.