Инфо: Првата Работилница за трансплантација на солидни органи/ткива и коскена срцевина во Република Северна Македонија со интернационално учество: достигнувања и идни перспективи

By | January 25, 2022

На 10-11, Декември, 2021 под покровителство на Министерството за Здравство на Р. Северна Македонија и Министерот Венко Филипче, Здружението за Хематологија на Македонија и Националниот Координатор за трансплантација на Р. Северна Македонија во соработка со Македонското Здружение за Имуногенетика ја организираат Првата Работилница за трансплантација на солидни органи/ткива и коскена срцевина во Република Северна Македонија со интернационално учество: достигнувања и идни перспективи. Работилницата ќе биде организиранa како хибриден состанок. Дел од учесниците ќе се сретнат во Хотел Лимак во Скопје, а останатите ќе имаат можност го следат виртуелно состанокот. 


Сите заинтересирани може да се регистрираат на следниот линк:
http://www.workshop.zhm.mk/


Целта на работилницата е врвните Македонски експерти од соодветните области да ги презентираат успесите на Македонското јавно здравство во имплементацијата на трансплантациите на солидни органи/ткива и коскена срцевина во лекувањето на најтешките заболувања. Тие ќе ги прикажат своите искуства, а ќе говорат и за предизвиците и идните перспективи на овие методи на лекување. Настанот ќе биде збогатен со едукативни сесии од страна на меѓународно признати експерти. Дополнително, ќе се одржат и сателитски симпозиуми преку кои фармацевтските куќи ќе имаат можност да ги промовираат своите производи.
И покрај предизвиците со кои се соочуваа тимовите за трансплантација изминатиов период во услови на пандемија, процедурите имаа континуитет и целта беше да им се овозможи на сите пациенти адекватна, и софистицирана здравствена нега. Трансплантацијата на солидни органи/ткива и коскена срцевина го подигна здравствениот систем на Р. Северна Македонија на еднакво ниво со светските центри кои се бават со трансплантациона медицина.