Почитувани колеги,
Во име на Балканската докторска медицинска асоцијација (BMDA), ни претставува особена чест да Ве поканиме да земете активно учество на Првиот конгрес на Балканската докторска медицинска асоцијација (BMDA), кој ќе се одржи во периодот 28–31 мај 2026 година, во Хотел Парк, Врњачка Бања, Република Србија.
Конгресот има за цел унапредување на стручната и научната соработка меѓу лекарите од регионот, како и размена на современи знаења и искуства од клиничката практика.
Главни теми на Конгресот се:
-
Семејна медицина
-
Репродуктивно здравје
-
Diabetes mellitus
-
Varia
Ги покануваме сите заинтересирани автори да достават апстракти од свои научни и стручни трудови поврзани со наведените теми.
Крајниот рок за поднесување на апстракти е 15 април 2026 година, на следната електронска адреса: bmda.med@gmail.com.
Котизацијата за учество на Конгресот изнесува 60 евра.
Сместувањето е во Хотел Парк, Врњачка Бања. во двокреветни соби со доручек и вечера и бесплатно користење на СПА. За резервација на сместување потребно е учесниците директно да го контактираат хотелот, со назнака дека резервацијата е за Конгресот на BMDA. Би било пожелно резервацијата и уплатата за сместување да се извршат најдоцна до 15 април 2026 година.
За сите подетални информации во врска со Конгресот, програмата и учеството, Ве молиме посетете го следниот линк: https://bmda-med.org/congress/
Со задоволство го очекуваме Вашето учество и можноста да Ве поздравиме во Врњачка Бања.
Со почит,
Претседател на Балканска докторска медицинска асоцијација
Проф. д-р Горан Димитров