НЕДЕЛА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД КАНЦЕР НА ГРЛОТО НА МАТКАТА ( 22 – 28 јануари 2024 )

By | January 26, 2024

Превенцијата спасува животи!

По повод одбележување на Недела за превенција од канцер на грлото на
матката, (22-28 јануари), на 24.01.2024 година, во хотел “Лимак”, а во
организација на Македонското здружение за цервикална патологија и
колпоскопија
, во соработка со Здружението за патологија на Република Македонија и
Македонската асоцијација за радиотерапија и онкологија, се оддржа прес
конференција за подигање на свеста против оваа злокобна болест.
Превенцијата спасува животи – е порака која ја упатија претставниците на
професионалните асоцијации, на Националната комисија за имунизација,
како и претставници на Обединетите нации во државата.
Проф.д-р Горан Димитров, претседател на МЗЦПК и МЛД говореше дека редовните
прегледи и ХПВ тестирањата се примарни во борбата против карциномот на
грлото на матката, кој е втор најсмртоносен карцином кај жените во Источна Европа и Централна Азија, со што во голема мерка може да се спречат случаи на
оперирани жени и девојки, дури и на 22 – годишна возраст.
Пораката за ХПВ вакцинацијата, која по превентивните прегледи е клучна
алатка во спречување на ракот на грлото на матката и е во стагнација
изминативе години, мора да биде примарна во иднина како за девојчината,
така и за момчињата, кои иако не заболуваат од оваа болест, се трансмисери
на истата. Во нашата земја веќе се практицира деветовалентна ХПВ вакцина,
и од тие причини, во образовните установи- основните и средните училишта,
младината треба да се едуцира дека овој вид на заштита од ракот на грлото на
матката значи здравје. Поговорката “подобро да се спречи, отколку да се
лекува”
е основно правило кое важи за сите жени, бидејќи редовните
скрининзи и вакцинацијата се единствено и вистинско оружје во борбата
против ова смртоносно заболување. Освен вакцинацијата и скринингот , многу значајна е и исхраната, затоа треба “ Здраво да се храните, вежбајте редовно и не пушете цигари “, е препораката на докторите.
На средбата говореа претседателите на трите здруженија – проф. д-р Горан
Димитров, проф. д-р Рубенс Јовановиќ и проф. д-р Виолета Клисарова
, како и
националниот координатор за имунизација проф. Александра Грозданова.
На настанот свое обраќање имаше и д-р Ане Јохансен, специјалната
претставничка на WHO North Macedonia, како и д-р Афродита Шаља, шефица
на UNFPA North Macedonia.