Македонско Стоматолошко Здружение

By | September 19, 2025

МСД е најстарото организирано здружение на стоматолозите во Македонија; меѓународно признато, со многубројни активности во своја традиција. Вчера во хотел Метропол во Охрид, започна 10-иот Конгрес на Стоматолозите на Македонија и беше одбележана 20 годишнината од постоењето на ова Друштво кое порано беше во склоп на Македонското Лекарско Друштво.
На настанот присуствуваше Проф д-р Горан Димитров кој ја прими Плакетата за МЛД од актуелната Претседателка на МСД, Проф д-р Габриела Ќурчиева-Чучкова.