Description
Почитувани колеги,
Во чест на големиот јубилеј – 80 години од основањето на Македонско лекарско друштво, најстарата асоцијација на лекарите во нашата земја, во подготовка е јубилејна монографија.
Монографијата ќе претставува траен документ за работата, историјата и мисијата на Македонско лекарско друштво, а воедно и платформа за претставување на активностите на стручните и подрачните здруженија, како и на компании и институции кои ја подржуваат медицинска фела и здравствениот систем во РС Македонија. Откако ќе биде отпечатена, за што навремено ќе бидете известени во Лекарски весник, за сите заинтересирани Монографијата ќе биде достапна за нарачка по цена од 900 денари и тоа ќе можете да го сторите на следниот линк: https://mld.mk/pay/monografija
Оваа капитално дело ќе претставува значаен документ за секој докторсведоштво за развојот на медицината во нашата земја, од 1945 година до денес, за деценијската улога на лекарите во општеството, како и за сите активности, настани, спомени кои не поврзуваат низ децениите. Веруваме дека секој член на Македонско лекарско друштво ќе се гордее да ја има оваа Монографија во својата лична библиотека.