Ин мемориам – Проф.Д-р Кирил Велков

By | December 21, 2023

Денес оддаваме чест, го славиме постоењето и се збогуваме со Професор доктор Кирил Велков
кој почина на 20.12.2023година, на 92 годишна возраст.
Неговиот живот беше исполнет со љубовта од семејството, збогатен од трајните пријателства и
посветеноста на неговата благородна професија.
По завршување на гимназискто образование во Кавадарци, тој дипломира на Медицинскиот
факултет во Скопје.
Специјализира Радиотерапија во Скопје, а подоцна продолжува и со специјализација од областа
на Онкологијата во Париз. Понатамошната едукација ја надградува со повеќекратни стручни
престои на универзитетот Ломоносов во Москва, како и на универзитетите во Полска, Данска и
Јапонија.
Во својата богата кариера тој беше Продекан и Декан на Медицинскиот факултет во Скопје,
Професор на Медицинскиот факултет во Скопје и долгогодишен раководител на катедрата за
ренген и радиотерапија, Директор на Универзитетскиот центар за медицински науки (УЦМН) и
Директор на Клиниката за Радиотерапија и Онкологија.
Претседател на Македонското лекарско друштво и Претседател на друштвото на радиолози на
Југославија, како и консултант по онкологија во Универзитетската болница во Лозана, Швајцарија.
Дури и по заминување во пензија, тој продолжи активно да се занимава со својата дејност како
еден од основоположниците на Хоспис Сју Рајдер-Скопје и раководител на одделот за онкологија
при клиничката болница Аџибадем-Систина.

Погребот ќе се оддржи на 22.12.2023 во 12 часот, на градските гробиштата во Бутел.