Членови

Зошто да станеш член на Македонското лекарско друштво?

Повеќе од 70 години, генерации на лекари, членови на Македонското лекарско друштво, доброволно, со несебична заложба и пожртвуваност, неуморно работат на заштита на медицинската професија од секаков обид да се загрози способноста на лекарите да се грижат за своите пациенти.

Повеќе од 70 години, нашиот приоритет, како главен промотор на унапредувањето на медицинската професија е адресирањето на потребите на лекарите, од медицинското училиште па сè до нивното пензионирање.

Повеќе од 70 години ние сме твојот најдобар и единствен сојузник во твојот професионален развој. Медицината е динамична, а ние сме тие кои информираат и ги обезбедуваат потребните алатки за да се задржи чекорот во оваа континуирано променлива средина.

Ние, лекарите, здружени, сме доминантната сила во здравствената заштита на населението – и ништо од она што досега е направено и треба да се направи не би било можно без поддршката на членовите како тебе.

Придружи ни се! … Заедно сме посилни во борбата за зачувување на здравјето на нашите пациенти и угледот и унапредувањето на медицинската професија.

Со пополнување на оваа Пристапница, прифаќање на Статутот на Македонското лекарско друштво и редовно плаќање на членарина ја потврдуваш твојата посветеност кон медицинската професија и овозможуваш медицината и медицинската практика да остане во рацете на лекарите, односно докторите по медицина.