Play Video
Play Video
Play Video
Play Video
Play Video

Македонското лекарско друштво секоја година, по повод Светскиот ден на здравјето, 7-ми април, доделува награди и признанија за постигнати резултати во струката, здравството и работата во МЛД. На предлозите на подрачните и специјалистичките здруженија кои делуваат во рамките на Македонското лекарско друштво, Комисијата за доделување на награди и признанија при МЛД, согласно член 58 од Статутот на Македонското лекарско друштво, одлучи да се доделат следните признанија:

По повод светскиот ден на здравјето, Македонското лекарско друштво доделува специјална награда на

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНФЕКТОЛОЗИ

за секој поединец инфектолог како првите борбени столбови во панедмијата со COVID -19

 

Признанието за најдобар студент кој дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во календарската 2020 година е

д-р ЕВА ЗЛАТКО ПАЛЧЕВСКА

во студиската програма Општа медицина со просек 9,91.