
Светскиот ден на здравјето годинава е посветен на здравјето на мајките и на новороденчињата, под мотото ЗДРАВИ ПОЧЕТОЦИ, НАДЕЖНА ИДНИНА.
По тој повод, Македонското лекарско друштво на 07.04.2025 ( понеделник ) оддржа пригоден собир во х. Холидеј Инн- Скопје, на кој што се обратија претседателот на Македонското лекарско друштво проф. д-р Горан Димитров, министерот за здравство д-р Арбен Таравари, претставниот на Светската здравствена организација за Северна Македонија д-р Аким Али, директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев. Традиционално претседателот на Македонското лекарско друштво проф. д-р Горан Димитров ги подели Благодарниците, Дипломите, Плакетите како и највисоката награда Повелба – д-р Трифун Пановски, на лекарите кои се номинирани од своите специјалистички здруженија. Се додели и Признание за најдобар студент кој дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, во календарската 2024 година со просек 9,92 на Анастасија Александар Петличковска.
Исто така, Проф. д-р Горан Димитров додели Признание за Храброст и Хуманост на Јован Костадинов, кој не себично го жртвуваше неговиот живот за да спаси други животи, како и кацига да се заштити во неговото хоби мото – крос, бидејќи ваквите луѓе , треба да ги чуваме.
На одбележувањето на Светскиот ден на здравјето му предходеше третиот меѓународен конгрес ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ , во кој земаа учество преку 870 учесници од нашата држава и колеги лекари од околните Балкански земи, Србија, Црна гора, Албанија, Словенија, Хрватска, Република Србска,од Малта, САД како и 70 лекари од Турција.