
Почитувани,
Здружението на педијатри на Македонија има чест и задоволство да Ве покани на симпозиумот:
„Улога на педијатарот во примарна здравствена заштита“
Датум: 22 мај 2025 година
Време: од 15:00 до 18:00 часот
Локација: Хотел Хилтон, Скопје
Симпозиумот е наменет за педијатри, лекари од примарната здравствена заштита, медицински персонал, како и за сите заинтересирани професионалци кои се посветени на унапредување на детското здравје.
На настанот ќе се дискутираат актуелни предизвици и улогата на педијатарот во системот на примарна заштита, преку предавања и размена на искуства со еминентни стручњаци од областа.
Ве покануваме да бидете дел од овој значаен настан и да дадете свој придонес кон подобрување на грижата за најмладите.
Со почит,
Здружение на педијатри на Македонија