12.12.2024 – „Напредна дијагностика на чести гинеколошки и перинатолошки состојби“

By | December 4, 2024

Почитувани,

Во име на МАГО, сакаме да Ве известиме дека на ден 12 декември (четврток) со почеток од 18:00ч., во салата на ресторан Воденица ќе се одржи секцискиот состанок „Напредна дијагностика на чести гинеколошки и перинатолошки состојби“.

Состанокот е акредитиран во МЛД ЛКРСМ и носи 4 бода.

Котизацијата за овој состанок за секој кој сака да добие сертифкат е 300 денари – ЛИНК ЗА КОТИЗАЦИЈА

АГЕНДА

18:00-18:15 – Прием и регистрација

18:15 – 18:25 –  Отворање на настанот и обраќање на претседателот на МАГО –Проф. Д-р Глигор Тофоски

18:25 -18:40 – „Методи на детекција и следење на најчестите ХПВ асоцирани гинеколошки состојби“ – Д-р спец. Влатко Гиревски

18:40 – 18:55 – „Промената на вагиналниот микробиом и неговата важност при настанување на преканцерозни состојби на грлото на матката“ – Д-р спец. Ивана Кијајова

18:55 – 19:10 – „Нарушување на гениталниот микробиом и неговите импликации во женски и машки стерилитет“- Д-р спец. Лилјана Лабачевска Ѓатовска

19:10 – 19:25 – „Улогата на Инхибин А во рана дијагноза на прееклампсија“ – Д-р спец. Пранвера Изаири

19:25 – 19:35 – Дискусија и прашања

19:45- Коктел

ЛИНК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА