Проект „Имплементација на Меѓународната класификација на функционирање (МКФ)“

By | October 31, 2024

Проектот „Имплементација на МКФ“ (Implement ICF) е дел од Програмата Еразмус+, Акција КА220-ВЕТ за соработка во стручно образование и обука. Целта на проектот, кој го спроведува конзорциум од десет организации од Северна Македонија, Австрија, Германија и Турција, е да ја олесни имплементацијата на МКФ во здравството, образованието и социјалната сфера преку обезбедување материјали за обука. Македонско лекарско друштво е партнер претставник од здравствениот сектор во РСМ.

Изработен е посебен документ со насоки за практична примена на МКФ во здравствениот сектор. За повеќе информации, посетете го линкот на програмата: https://www.icf-implement.net/.

Проектот, користејќи го унифицираниот јазик на СЗО, придонесува за дестигматизација и подобрување на квалитетот на поддршката за лицата со попреченост, со фокус на нивните способности и зајакнување на координираните цели за поддршка.