На 12.11.2024 на 63-годишна возраст почина проф.д-р Владимир Мирчевски, светски признат неврохирург, специјалист на Лионската школа по неврохирургија, член на Американскиот конгрес на неврохирурзи, редовен професор на Медицинскиот факултет- Скопје, и еден од водечките експерти во својата област.Тој остави значаен белег во медицината не само во Македонија, туку и на меѓународно .
Проф. д-р Мирчевски е роден и образован во Македонија, а своето медицинско образование го надоградува во странство, каде што добил специјализација на реномираната Лионска школа по неврохирургија во Франција – една од водечките институции во оваа област. Беил и член на Американскиот конгрес на неврохирурзи, што е огромно признание за неговата стручност и професионален углед. Неговата кариера е исполнета со бројни хируршки зафати и иновативни методи, кои му донеле признание и во медицинските кругови на глобално ниво. Како специјалист, познат бил по својот суптилен и стручен пристап во третманот на тешки случаи, што на многу пациенти им го продолжил и спаси животот. Со своите предавања и консултации, проф. д-р Мирчевски имал влијание врз многу млади лекари и истражувачи, кои го гледаа како еден од своите најголеми инспирации и ментори.
Освен своите клинички активности, тој беше и автор на бројни научни трудови и истражувања во областа на неврохирургијата, придонесувајќи за глобалното медицинско знаење и иновации.