МЛД И АД ”МАКЕДОНСКА ПОШТА”

 

ПОСЕБЕН ПАКЕТ НА УСЛУГИ ПО ПОВОЛНА ЦЕНА

Македонското лекарско друштво во соработка со АД„Македонска пошта“- Скопје, договори користење на посебен пакет на услуги по поволна цена, кој веќе се применува и се однесува на сите ЈЗУ, ПЗУ и сите останати здравствени институции во Македонија, кои по пат на поштенски пратки ги повикуваат и известуваат пациентите, за задолжителни или закажани прегледи, вакцинации или настани (Здруженијата на лекари).

Имено,  АД“Македонска пошта“ – Скопје, согласно договореното со Македонското лекарско друштво,  овозможи користење на следниот пакет на услуги: печатење  на формат А4 еднострано, ковертирање во плик С 5/6, и достава на адресирана директна пошта до 50 грама до пациентите, кои согласно законската регулатива задолжително лекарите се обврзани да ги известуваат да се јават на здравствен преглед, вакцинација и превентивни здравствени прегледи. Пакетот на услуги ќе може да се користат и од Македонско лекарско друштво- сите лекари, регистрирани во земјава. Истиот Договор важи и за сите Здруженија кои се дел од МЛД при доставувањена известувања за семинари, конгреси и други состаноци организирани во Република Македонија.

Соработката со АД “Македонска пошта” ја опфаќа пред се цената за пакетот услуги (печатење, ковертирање и достава на директна адресирана пошта до 50 грама која сега изнесува 12,50 денари, без вкалкулиран ДДВ за услугите извршени во Хибридна пошта, наместо досегажната цена од 18 денари која досега лекарите ја плаќаа во службената комуникација со пациентите.

Потпишувањето образецот на користењето на овие услуги е доброволно и секој лекар, ординација или институција истиот може да го најде на веб страната на Македонскот лекарско друштво – www.mld.mk., а дополнителнително, сите информации околу олеснувачкиот процес на испраќање и доставување на овие пратки, можат да ги добијат и на веб страната на АД”Македонска пошта” www.posta.com.mk. Претставнци на АД”Македонски пошти” веќе контактираат со лекарите низ Македонија и го појаснуваат бенефитот, односно олеснувањето од овој Договор, со кој, првенствено на лекарите во здравствените институции ќе им се олесни обрвската за писмена комуникација (повикот) со пациентите, а истата помалку ќе ги чини од досега.

Бидејќи овој Договор за посебниот пакет на услуги за лекарите и Здруженијата е веќе во функција, заинтересираните треба да го пополнат и потпишат Барањето за склучување на договор за деловна соработка и истото да се достави или во МЛД или пак во АД “Македонска пошта”.

Превземи БАРАЊЕ