7-МИ АПРИЛ - СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО
Годинешното мото на одбележување на Светскиот ден на здравјето„Нашата планета, нашето здравје“ нè потсетува на поврзаноста на нашето здравје со грижата за животната средина. Обезбедувањето здрава животна средина значи поздрави луѓе и поздрави поколенија. Потребен е мултисекторски и интегративен пристап за спречување илиза ублажување на негативните ефекти на животната средина врз здравјето на луѓето.
Во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, на 7 април, по пауза од две години поради пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, во живо се одржа свечена академија по повод Светскиот ден на здравјето. На овој настан присуствуваа бројни лекари, медицински работници, фармацевтски куќи, претставници на светски медицински асоцијации со канцеларии во земјава, претставници на Светската здравствена организација, на УНИЦЕФ, УНФПА… На настанот присуствуваа и првата дама, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, министерот за здравство д-р Беким Сали, ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски и деканката на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Соња Тупозовска.
Присутните, во преполна сала, ги поздрави претседателот на МЛД, проф. д-р Горан Димитров, кој на своите колеги им посака пред сè добро здравје и успешна работа во порелаксирани услови. Тој им се заблагодари на сите лекари кои изминатите две години, безрезервно и одговорно, работеа во првите „борбени“ редови на справување со смртоносниот вирус.
Министерот Сали потенцираше дека годинешното мото на Светскиот ден на здравјето: „Нашата планета, нашето здравје“ нè потсетува на поврзаноста на нашето здравје со грижата за животната средина.
Рефератот по повод Светски ден на здравјето, на тема „Нашата планета-нашето здравје: да ги исчистиме нашите воздух, вода и храна“ го подготви и го презентираше проф. д-р Михаил Кочубовски, од Институтот за јавно здравје.
На свечената академија и оваа година, во организација на Македонското лекарско друштво, беа доделени, повелби, плакета, признанија, благодарници, дипломи.
ПОВЕЛБИ „Д-Р ТРИФУН ПАНОВСКИ“
Годинешните добитници највисокото признание „Д-Р ТРИФУН ПАНОВСКИ“, кои оствариле особен придонес во календарската 2021 година се проф. д-р Елизабета Зисоска (долгогодишен претседател на интердисциплинарно здружение на лекари за добра клиничка пракса), проф. д-р Гордана Петрушевска (долгогодишен раководител на Институт за патологија), прим. д-р Злате Шуплиноски (долгогодишен раководител на невролошка анестезија на КАРИЛ), проф. д-р Невзат Елези (декан на Медицински факултет Тетово и успешен едукатор) и постхумно-проф. д-р Анѓелко Ѓорчев (врвен интернист, пулмолог и редовен професор на Медицински факултет).
НАЈДОБАР СТУДЕНТ
Признанието за најдобар студент, кој дипломирал на Медицински факултет во Скопје во календарската 2021 година го доби д-р Милена Веле Гривчевска со просек 9,94.
СПЕЦИЈАЛНИ ПЛАКЕТА И ПРИЗНАНИЈА
- Специјална ПЛАКЕТА-ЗЛАТЕН СТЕТОСКОП е доделена на прим. д-р Љубен Ристевски, за особен, долгогодишен придонес во работата на Македонското лекарско друштво.
- ПОСЕБНО ПРИЗНАНИЕ му е доделено на д-р Благоја Механџиски, основач на „Зегин“, за поддршка на развојот и унапредување на здравството.
- Посебно ПРИЗНАНИЕ за значаен придонес во остварувањето и унапредувањето на целите и задачите на Македонското лекарско друштво добија:
проф. д-р Атанас Козарев, декан на Факултетот за правни науки, меѓународни односи и дипломатија и претседател на Асоцијацијата за корпоративна безбедност Скопје
Канцеларијата на УНФПА за Северна Македонија, за стратешка поддршка на Македонското лекарско друштво за сексуално и репродуктивно здравје на жените и девојките на национално и регионално ниво
г-ѓа Јасмина Арсова Чашуле, оперативен координатор на МАГО.
г-н Џон Кенеди Мосоти, директор на УНФПА за Северна Македонија
„Новонордиск фарма“ за долгогодишен придонес и поддршка во излегувањето на Лекарски весник, кој го издава МЛД.
„Авицена дијагностика“ за долгогодишна поддршка на Македонското лекарско друштво.
Македонското лекарско друштво секоја година, по повод Светскиот ден на здравјето, 7-ми април, доделува награди и признанија за постигнати резултати во струката, здравството и работата во МЛД. На предлозите на подрачните и специјалистичките здруженија кои делуваат во рамките на Македонското лекарско друштво, Комисијата за доделување на награди и признанија при МЛД, согласно член 58 од Статутот на Македонското лекарско друштво, одлучи да се доделат следните признанија:
проф. д-р Елизабета Зисоска (долгогодишен претседател на интердисциплинарно здружение на лекари за добра клиничка пракса)
проф. д-р Гордана Петрушевска (долгогодишен раководител на Институт за патологија)
прим. д-р Злате Шуплиноски (долгогодишен раководител на невролошка анестезија на КАРИЛ)
проф. д-р Невзат Елези (декан на Медицински факултет Тетово и успешен едукатор)
постхумно-проф. д-р Анѓелко Ѓорчев (врвен интернист, пулмолог и редовен професор на Медицински факултет)
проф. д-р Атанас Сивески
проф. д-р Билјана Зафирова
проф. д-р Гордана Китева Тренчевска
проф. д-р Јулија Живадиновиќ Богдановска
проф. д-р Ники Матвеева
доц. д-р Билјана Ефтимова
доц. д-р Маја Мојсова Мијовска
доц. д-р Николина Здравевска
доц. д-р Силвана Тимовска
доц. д-р сци. Николина Здравеска
прим. д-р Анкица Анастасовска
прим. д-р Благица Јоксимовиќ
прим. д-р Добринска Наунова-Јовановска
прим. д-р Мери Калајџиева Зип
прим.д-р Жаклина Шопова
д-р Боро Илиевски
д-р Борче Димоски
д-р Васил Тодоров
д-р Димитри Скоробогач
д-р Јованка Алексова
д-р Кадри Елези
д-р Кирил Солески
д-р Кристина Ставридис
д-р Лолита Андонова
д-р Неџат Јакупи
д-р Петар Оханесјан
д-р Ратко Давидовски
д-р Рената Димитриоска
д-р Русе Рајчевски
д-р Светлана Кочмановска Петреска
д-р Сеад Зејнел
д-р Снежана Јанчевска
д-р Стефан Кметовски
д-р Сузана Каракашова
д-р Томе Солевски
д-р Тони Коњановски
д-р Аксиња Габреска Кебакоска
д-р Александра Данева Игнатова
д-р Анета Ристеска Ордевска
д-р Аце Додевски
д-р Билјана Шурбевска Боневска
д-р Биљана Бојаџиева Стојаноска
д-р Биљана Петреска
д-р Биљана Трковска
д-р Благица Ристовска Петреска
д-р Бранко Манчевски
д-р Вања Трајковска
д-р Весна Вишинова
д-р Викторија Јовановска
д-р Владимир Митрески.
д-р Горан Рангелов
д-р Даниела Затуроска Герасимовска
д-р Даниела Иванова
д-р Даниела Чинговска
д-р Дарко Иванов
д-р Драги Дабески
д-р Душанка Босилкова
д-р Елена Крстевска Келепуровска
д-р Елизабета Чадиковска
д-р Емилија Богоевска
д-р Јоже Ѓорески
д-р Кирил Шуперлиски
д-р Ленче Максимовска
д-р Лиљана Ристовска Деспотовска
д-р Маја Дугановска Василева
д-р Марија Гераковска Радовиќ
д-р Миле Тошев
д-р Мите Николов
д-р Надица Јосифова
д-р Надица Мехмедовиќ
д-р Петар Пецев
д-р Сани Бајрами
д-р Сашо Поповски
д-р Слаѓана Симеонова
д-р Снежана Спировска
д-р Спасија Нешковска
д-р Стефанија Хаџиевска
д-р Тамара Воиновска
д-р Фадил Цана
д-р Андријана Шумановска
д-р Анета Јанкоска
д-р Анетка Лисичкова Илиевска
д-р Арбен Таравари
д-р Арлинда Османи
д-р Афет Тачи
д-р Бесник Маќелара
д-р Биљана Андоновска
д-р Биљана Калчовска
д-р Биљана Лазарова Пешиќ
д-р Блерим Адеми
д-р Боривоје Павловски
д-р Валентина Тофиловска.
д-р Велимир Савески
д-р Весна Ливринова
д-р Владимир Бојковски
д-р Горан Николов
д-р Дајана Георгиевска
д-р Даниела Бајдевска Дукоска
д-р Дивна Давиткова
д-р Ева Созовска
д-р Елена Алексоска
д-р Емилија Трајкова
д-р Иван Барбов
д-р Иле Постолов
д-р Јагода Пејоска
д-р Јана Јовановска
д-р Катерина Игневска
д-р Катерина Ќурковиќ Колевска
д-р Кристина Василовска Чаловски
д-р Кристина Пешевска
д-р Кристина Скепаровска
д-р Лидија Маџовска
д-р Лиле Кожухарова
д-р Љуљета Беќири
д-р Маја Пејковска
д-р Маја Шоповска Китанова
д-р Мара Ковачевска
д-р Марија Гоцевска
д-р Марија Караѓозова
д-р Марија Постоловска
д-р Марија Стеванџија Адамческа
д-р Марије Гетај Јаковски
д-р Маринко Наумов
д-р Марјана Серафимова
д-р Месуд Хасипи
д-р Мики Филев
д-р Надица Андоновска
д-р Наим Иса
д-р Наталија Долнец Банева
д-р Наталија Милорадовска
д-р Оливера Давчева
д-р Оливера Јорданова
д-р Павлина Белкова
д-р Рената Младеновска
д-р Сања Анчова Тасова
д-р Светлана Црнушева
д-р Силвана Соколчевска Стоилова
д-р Стоје Стојмановски
д-р Тања Стојанова
д-р Татјана Петковска Бошкова
д-р Фатмир Меџити
д-р Фатон Адеми