ОГЛАСИ

Македонското Лекарско Друштво објавува повик за ангажирање на агенции за професионален транспорт за потребите на проектот „Безбедни и иновативни здравствени услови за време на Ковид 19“ предводен од Министерството за здравство, Фондот на Обединети Нации за население – УНФПА и Македонското лекарско друштво.

Во рамките на проектот, ќе оперираат две возила, односно мобилни гинеколошки амбуланти, кои ќе пружаат услуги на терен, што значи дека ангажманот ќе подразбира патување на медицинскиот тим до/од местото каде ќе се пружа здравствената услуга, истиот ден.

Ангажираните кандидати ќе ги имаат следните одговорности и задолженија:

  • Обезбедување безбеден и одговорен превоз со медицинско комбе за тимот на терен, кога тоа е побарано, притоа почитувајќи ги сите стандарди и закони за безбедност при возење и сообраќај.
  • Го известува раководството за потребата од поправки на возила и опрема.
  • Ги проверува двете возила што се користат, за чистота, оперативност, безбедносни цели и ги прави сите соодветни прилагодувања.
  • Им помага на пациентите и тимовите по потреба, при влегување и напуштање на мобилните амбуланти.
  • Поседува детално познавање на околината и за ефикасност на работата и за целите на безбедноста на тимот/пациентот.
  • Работи според зацртаните распореди без исклучок, притоа управувајќи со сите работни активности на начин кој создава висока доверливост.
  • Покажува способност за јасно комуницирање, и усно и писмено, додека ги извршува сите суштински функции.

Потребни квалификации:

  • Диплома за средно образование;
  • Валидна возачка дозвола со Б категорија;
  • Искуство како професионален возач најмалку 5 години;
  • Сознание и способност да прифати различни култури и етнички групи;
  • Се претпочита претходно работно искуство во медицинската средина.

Сите заинтересирани агенции можат да се пријават со доставување нa CV од професионалните возачи на info@mld.mk. Крајниот рок на пријавување е до петок, 12ти ноември 2021 година.