Претседател: Проф. Др. Ники Матвеева
Адреса: Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Медицински факултет
50 Дивизија 6, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: +38923125304, Факс: +38923125304
E-mail: niki.matveeva@medf.ukim.edu.mk
Цели на здружението: да се збогати и да се подобри квалитетот на наставата и образованието на студенти од до- и постдипломски студии, да се придонесе за развој на научни истражувања од областа на анатомијата и другите сродни морфолошки дисциплини, да се воспостави соработка со клиничка медицина
Посебни области: Хумана анатомија, Применета анатомија, Антропологија, Клиничка анатомија, Неуроанатомија, Хистологија, Ембриологија.
Обем на активности: Национални, Интернационални: Македонското здружение на анатоми е член на IFAA (International Federation of the Associations of Anatomists)
Членови: 42
Организација и структура:
Собрание
Управен одбор: Претседател, Генерален секретар ( Заменик-претседател), Благајник
Финансирање:
Годишна членарина: 300 денари (euro:5)
Посебни придобивки за членовите:
Можност за добивање на валиден сертификат (од Македонско лекарско здружение и Македонска лекарска комора) за учество на научни состаноци и симпозиуми на здружението, информации за национални и меѓународни состаноци и конгреси
(homepage:……… )
Состаноци
Годишни научни состаноци (во соработка со други морфолошки, хируршки и радиолошки медицински здруженија)
Административни состаноци:
Управен одбор (пролетни и есенски состаноци)
Периодика-публикации:
Terminologia Anatomica (TA2) – The Federative International Programme on Anatomical Terminologies (FIPAT) со задоволство најавува дека драфт-верзијата на второто издание на Terminologia Anatomica (TA2) сега е достапна онлајн за ваша ревизија и одобрување. Овој документ ќе го најдете на дното на веб страната на FIPAT (https://www.ifaa.net/committees/anatomical-terminology-fipat/)
Journal of Morphological Sciences – линк до последниот број на Списанието за морфолошки науки, официјалното издание на Македонското здружение на анатоми може да се најде ТУКА.