„Доктори без граници“ во МЛД

Претседателот на Македонското лекарско друштво, доц. д-р Горан Димитров оствари средба со Апостолос Веизис и со Давиде Тонини, претставници на грчката канцеларија на невладината хуманитарна организација „Доктори без граници“ (Medecins sans ftontieres МСФ), која всушност е главен оперативен центар за балканскиот регион.

Доктори без граници” е интернационална, независна, медицинска и хуманитарна организација, која дава медицински услуги на луѓето во најзагрозените подрачја во светот, онаму каде што здравствената помош е мисловна именка, поради воени конфликти, епидемии и природни катастрофи…МСФ здравствено ги покрива луѓето, независно од нивната религија, пол или политичка припадност. Оваа медицинска организација е формирана во Франција 1971 година, основана од доктори и новинари, за денес да прерасне во светско движење од 24 членки, распоредени во пет оперативни центри. Оваа хуманитарна организација дејствува во екстремно тешки услови и нестабилни региони, а секоја година над 3.000 доктори им се придружуваат на определен период.

Имено, целта на средбата на двајцата претставници на Доктори без граници” и доц. д-р Горан Димитров беше нивната желба и иницијатива и македонските лекари да се запознаат со организацијата, и доколку се заинтересирани, да земат активно учество во нејзиното дејствување.

За сите подетални информации, за начинот на аплицирање, заинтересираните можат да се информираат ТУКА.