КОВИД-19: Информации, новости и најнови пристапи до третман
Совети за клиничка пракса – превземи тука
КОВИД-19: Информации, новости и најнови пристапи до третман
Лекарите примарната здравствена заштита (ПЗЗ) за време на пандемијата во континуитет беа активно вклучени во процесите на тријажа, дијагностицирање, следење на лесните форми на пациенти со инфекциии како и во КОВИД-19 вакцинацијата. Тие треба да се постојано во тек со сите новости и информации за најнови пристапи до терапија и третман на вонболнички пациенти, со цел намалување на последиците и смртноста.
Во таа насока, Министерството за здравство и Македонското лекарско друштво, а со помош на УНИЦЕФ и УСАИД, подготвија документи: “Совети за клиничка пракса за терапија и следење на КОВИД-19 кај бремени, деца и општа популација” кои се базираат на сите досегашни искуства од регионот, Европа , светот како и најновите препораки на сите релевантни институции и научно докази.
Македонско Лекарско Друштво уште од почетокот на КОВИД-19 пандемијата, истата ја опфаќа од сите аспекти: превенција, дијагноза, третман, компликации, вакцинација, а за истите тие цели и постојано известува, организира обуки и споделува информации за полесно справување со истата.
Осигурајте се дека информациите за КОВИД-19 ги добивате од доверливи извори како на пример Министерството за здравство, Институт за јавно здравје, УНИЦЕФ и Светската здравствена организација. Дел од овие организации непрекинато работи заедно со глобални здравствени експерти за да обезбеди точни информации, базирани на докази.
Ве советуваме да ја проверите и HealthBuddy+, мобилна апликација изработена од регионалните канцеларии на УНИЦЕФ и СЗО, достапна на македонски и на албански јазик благодарение на финансиската поддршка од УСАИД. Таа дава пристап до најновите информации врз основа на податоци за КОВИД-19 и за вакцините против КОВИД-19. Апликацијата може да се преземете ја од Apple и Google Play за да комуницирате со чатботот, да пријавите гласини и да учествувате во анкети – сето тоа на дофат на рака.
Како здравствени работници, ние имаме и морална обврска да помогнеме и во борбата против дезинформациите за КОВИД-19. Споделете ги овие информации со Вашите колеги за да се осигураме дека сите ги имаат овие факти за КОВИД-19 и дека можат да го заштитат здравјето на своите пациенти како и сопственото здравје.
Совети за клиничка пракса – превземи тука
COVID-19-Protocol-Pregnant.pdf
COVID19-Protocols-General-Population-Guide.pdf