СПЕЦИЈАЛНИ ПОПУСТИ ЗА КУПУВАЊЕ НОВО ВОЗИЛО „ОПЕЛ“ ОД 9,5% ДО 26,7%

Само за членовите на Македонско лекарско друштво

Македонско лекарско друштво, по неколкумесечни преговори, а во интерес на сите наши членови, потпиша договор за соработка со компанијата „Аутомакедонија“, овластен увозник, дилер и сервисер на „Опел“ за Македонија. Со потпишувањето на договорот, Друштвото стана официјален Оpel Key Partner, со што на сите наши членови им обезбедивме специјални попусти во купување ново возило „Опел“ од 9,5% до 26,7% (во зависност од моделот и нивото на опрема). Ако сте и Вие заинтересирани за купување ново возило од палетата на „Опел“ сè што треба да направите е да побарате потврда од МЛД дека сте наш член и со неа да се јавите во салонот на „Аутомакедонија“, во населбата Автокоманда.

Покрај попустите за купување нови возила, со потврда за членство во Македонско лекарско друштво, можете – во продажно сервисните центри на „Аутомакедонија“ да аплицирате и за Златна клуб картичка, со која добивате многу попусти и бенефиции при користење на услугите на фирмите од групацијата „Аутомакедонија“. Со картичката, добивате попусти при одржување и сервисирање на сите видови и марки на возила (во мулти бренд сервисниот центар на „Аутомакедонија“ во Кисела Вода или во Битола), попусти при купување гуми, авто стакла, клима фолии и резервни делови. Доколку, Вашето возило има потреба од обнова на регистрација, во трите станици за технички преглед на АМ ЦЕРТ–во Скопје, имате право на попуст од 50% на цената на техничкиот преглед, (а на истото место можете да направите и регистрација со шалтер на МВР, да извадите секаков вид осигурување – авто одговорност, каско, зелен картон, патничко осигурување…). Со картичката на „Аутомакедонија“, добивате и бесплатен шлеп на територија на град Скопје – до сервисниот центар на фирмата.

За повеќе информации, обратете се во МЛД или во „Аутомакедонија“ на тел. 02 3103 130

Превземи ПОТВРДА